Пронајдени неколку пакови кокаин кај 23-годишник од Охрид

Ноќеска мобилниот тим „Task Force“ при Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид, во рамки на преземените мерки за сузбивање на недозволената трговија со дрога, во 00:15 часот, на локалниот пат во село Радолишта, струшко извршил преглед над 23-годишниот Е.М. од Охрид, при што биле пронајдени неколку паковки со кокаин, информираат од МВР.

За настанот бил известен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струга.

Од страна на Регионалниот центар за гранични работи „Запад“-Охрид против лицето ќе биде поднесена соодветна кривична пријава, посочија оттаму.