Пронајдени марихуана, кокаин, хероин, метадон, таблети... - изминатото деноноќие уапсени 19 лица поради дрога

Изминатото деноноќие лишени од слобода биле 19 лица, кај кои била пронајдена дрога.

Од МВР информираат дека изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Т.(26), Ф.Д.(33), А.Б.(24), Е.Л.(20), Р.М.(25), Н.С.(36), М.А.(23), С.Т.(35), И.Б.(33), М.М.(48), Е.А.(35), 21-годишната Е.Б. и 32-годишната А.Г., двете од Скопје, како и Д.В.(29) од Крива Паланка, А.Ѓ.(24) од кривопаланечко, М.Р. (26) од кумановско и А.П.(28) од кичевско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана, кафеава и бела прашкаста материја, бела грутчеста материја, метадон и таблети.

Синоќа во 23:35 часот на улица „Љуботенска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода А.А. (20) од село Непроштено поради сомнение за сторено кривично дело по член 215 од КЗ. При преглед кај него била пронајдена кесичка со бела прашкаста материја.

Исто така синоќа во 23:40 часот во село Палатица, во близина на бензинска пумпа, полициски службеници од СВР Тетово ги лишиле од слобода В.М. (22) од село Требош и Е.К. (24) од село Палатица кои се превезувале со патничко возило „бмв“ со тетовски регистарски ознаки и при преглед кај нив била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случаите, против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, најавија од МВР.