Пронајдени кокаин, хероин, марихуана... - изминатото деноноќие уапсени осум лица поради дрога

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во изминатото деноноќие лишени од слобода биле осум лица, затоа што кај нив при преглед била пронајдена дрога.

Изминатото деноноќие во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Р.(50), А.М.(31), С.А.(33) од Скопје, Д.К. од село Волково и Х.А.(32) од Берово, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, грутчеста материја, марихуана и дробилка.

Ноќеска во 03:40 часот, во Полициската станица Тетово биле задржани Н.Ч. (33) од Скопје, А.Л. (21) и А.В. (25), двете од Приштина, Р. Косово. Тие биле лишени од слобода претходниот ден од страна на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Рогачево затоа што кај нив при преглед била пронајдена и одземена марихуана.

„По целосно документирање на случаите, ќе следуваат соодветни поднесоци“, посочија од МВР.