Пронајдени и сакнционирани 74 возила на јавен превоз низ државата

На 25 февруари МВР спроведе акциска контрола на возила со кои се врши јавен превоз, низ целата држава.

При контролата санкционирани се 74 возила, најмногу (28)  на територијата на СВР Тетово, 15 на територијата на СВР Штип. Од овие возила, 39 имале неисправен уред за кочење, пет неисправен уред за управување, како и други прекршоци, за кои се поднесени соодветни поднесоци.

Ваквите акции ќе продолжат и понатаму, сè со цел да се подобри безбедноста на патиштата во државата.