Пронајдени две починати лица, едно во Раштак и друго во Чаир

Жена пронајдена мртва во викендичка во Раштак, а маж починал на пазарот во Чаир, известува МВР. 

На 11 април  во 09:44 часот во СВР Скопје било пријавено дека во викенд куќа во село Раштак, скопско била пронајдена почината В.Л.(71). Смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

На 11 април 2021 година во 10:12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на пазарот во скопската населба Чаир има починато лице. Полициски службеници излегле на местото и било утврдено дека станува збор за Љ.К.(63) од Скопје. Екипа од Итна медицинска помош констатирала смрт без траги на насилство, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.