Пронајдени две мртви тела покрај железничка пруга

Во текот на вчерашниот ден, околу 15.42 часот, екипите на СВР Куманово информираат дека добиле дојава за пронајдени две мртви тела на починати мигранти.

„На 25.1.2022г. во 15:42 часот во СВР Куманово било пријавено дека покрај железничка пруга во село Табановце, кумановско биле пронајдени две тела на починати лица-мигранти и се уште се вршат проверки за утврдување на нивниот идентитет“, информираат надлежните служби на полицијата.

Оттаму додаваат дека СВР Куманово извршил увид на лице место и се работело на утврдување на идентитетот на починатите лица.