Пронајдени 180 стебла канабис кај селото Блаце

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија во содејство со полициски службеници од други единици при СВР Скопје, како и полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Блаце, во атарот на с. Блаце, кај местото наречено Вражји Вир пронајдоа 180 стебла канабис, како и опрема за одгледување.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.