Пронајдена шок-бомба во вреќа со отпад во Скопје

Шок-бомба во исфрлена вреќа со отпад пронашле екипите на ЈП „Комунална хигиена“ на улицата Македонска преродба во скопската општина Ѓорче Петров.

Од Јавното претпријатие велат дека по интервенцијата, било констатирано дека станува збор за потенцијално опасен отпад од распрскувачки материи за што била информирана и полицијата која извршила увид на местото на настанот.

Од „Комунална хигиена“ апелираат до граѓаните заедно со својот комунален отпад никогаш да не исфрлаат токсични, опасни или штетни материи, кои може сериозно да го загрозат здравјето на вработените во претпријатието кои секојдневно се во контакт со отпадот при извршувањето на своите работни задачи.