Пронајдена огромна количина марихуана, таблети, оружје во возило „мини“, поднесена кривична пријава

Интервентната полиција во координација со Единицата за недозволена трговија и ЕУМНА при СВР Скопје презедоа опсежни истражни дејствија во врска со настан што се случил пред 1 месец кога на улица ул. „Ѓурчин Кокале“ при претрес на возило „мини“ се пронајдени голема количина на дрога и оружје.

„Имено на 02.10.2024 година при претрес извршен со судска наредба околу 1 часот во возилото се пронајдени 6,2 килограми марихуана, 442 таблети екстази (мдма), пиштол, осум куршуми, пригушувач од пиштол, 14,2 мл хашиш смола, машина за вакумирање две дигитални ваги“ извести МВР

Од полицијата додаваат дека повикани биле на службен разговор повеќе лица и извршени се повеќе претреси на домови на повеќе локации во Скопје.

„На 07.11.2024 извршен е претрес во дом на О.А. во Скопје при што е пронајдена марихуана, мобилен телефон и други предмети, по што О.А. е лишен од слобода. На 08.11.2024 од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е поднесена кривична пријава по член 215 и 396 од КЗ против О.А. кој е лишен од слобода и М.З. од Скопје, кој е во бегство и се преземаат мерки за негово пронаоѓање“, велат од МВР.