Пронајдена марихуана кај затвореник во Идризово

При претрес на соба во затворот Идризово, кај 27 годишен скопјанец, била пронајдена марихуана.

-СВР Скопје поднесе кривична пријава против Д.Д.(27) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „недозволено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. На 25.01.2022, затворски службеници извршиле претрес во соба во Казнено –поправната установа Затвор Идризово, каде престојувал пријавениот, при што пронашле и одзеле марихуана. - стои во кусото соопштение на МВР.