Пронајдена марихуана кај две лица во Карпош

Синоќа биле приведени двајца скопјани бидејќи кај нив била пронајдена марихуана. 

Имено, двете лица биле лишени од слобода на подрачјето на Карпош, во 21.45 часот. 

Од МВР со соопштение за случајот:

-На подрачје на Карпош од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје синоќа во 21.45 часот се лишени од слобода В.Ш.(29) и В.Г.(30) двајцата од Скопје затоа што кај нив била пронајдена марихуана. По целосно документирање на случајот, соопштија денеска од МВР, ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.