Пронајдена голема количина оружје: Уапсен вујкото на убиецот од Младеновац

Српската полиција го уапси вујкото на Урош Б. (21), кој неодамна уби осум лица, а повреди уште 12 во околината на Младеновац.

„Нова.рс“ објави дека при апсењето во куќата на вујкото на Урош била пронајдена голема количина на оружје и муниција.

Полицијата соопшти дека 49-годишниот Г.Г. е уапсен со цел да се утврдат сите околности за потеклото на оружјето со кое Урош изврши масакр во Србија.