Пронајдена е марихуана кај млад скопјанец

Вчера, во општина Аеродром, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје привеле едно лице, кај кого била пронајдена марихуана.

Според информациите добиени од МВР, станува збор за лицето К.Д.(27) од Скопје.

Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок против него.