
Ноќеска во 00:30 часот во струшкото село Радожда полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Д.Д.(37) од Скопје, со привремен престој во село Радожда, С.Ф.(36), Ф.В.(33) и Н.Ч.(36), сите од Прилеп, се наведува во полицискиот билтен.
Според пријавеното, претходно во викенд куќа на Д.Д. во селото, трите лица од Прилеп физички го нападнале Д.Д. и му нанеле тешки телесни повреди.
При вршење увид во врска со физичката пресметка во викенд куќата, полициските службеници пронашле бела прашкаста материја, по што била добиена наредба од јавен обвинител и бил извршен претрес во викенд куќата.
При претресот била пронајдена и марихуана.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.