Пронајден сточарот од Градешница, среќен крај на потрагата

Лицето Т.Д. (77 години) од с. Градешница е пронајдено и вратен во својот дом, информираат од ЦУК.

-На ден 23.01.2022 година во 15.40 часот од ЦУК Битола добиена е информација дека во с. Градешница е исчезнат лице со иницијали Т.Д. (77 години) кој од трлото со овци се упатил кон домот во селото Градешница при што му се губи трагата.

Во текот на денот семејството и соселаните го пребарувале теренот и по безуспешната потрага пријавено е во полициска станица во Општина Новаци и потоа во ЦУК Битола. Веднаш по добивањето на дојавата од ЦУК до Дирекцијата за заштита и спасување е мобилизиран тимот за брз одговор за спасување на планини и се упати кон с. Градешница каде по пристигнувањето започна со пребарување на теренот, соопштија од ЦУК.