Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека бил пронајден починат 45-годишниот затвореник В.Ѓ од Велес во Казнено - поправната установа Затвор Идризово.
Лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Увид извршила екипа од СВР Скопје.