Пронајден починат скопјанец покрај пат во с.Рогачево

На 13.10.2019 околу 16.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека покрај пат во с.Рогачево, тетовско бил пронајден починат Г.К.(67) од Скопје. Од страна на лекар била констатирана смрт, без траги на насилство.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Тетово, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено за обдукција.