Пронајден нож во ранец на малолетник во автобус бр. 56

Кај малолетник, бил пронајден нож во неговиот ранец. 

Малолетникот се наоѓал во автобус бр.56 на подрачјето на Карпош-Скопје, информираат од МВР. Од таму со кусо соопштение за случајот:

-Денеска (28.09.2022) во автобус бр.56 на подрачје на Карпош-Скопје, инспектор по малолетници и полициски службеници од ЕВР Карпош кај малолетник од Скопје во училиштен ранец пронашле нож. Тој бил приведен во Полициската станица Карпош за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок - информираат од МВР.