Пронајден кокаин, приведен дилер од Куманово

На 21.09.2021 во 18.45 часот во СВР Куманово бил приведен О.Џ.(27) од Куманово. При контрола, извршена од полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР, на граничниот премин Табановце, кај него бил пронајден кокаин.

Исто така, било утврдено дека при пасошка контрола приложил фалсификуван негативен ПЦР тест.

По целосно документирање на случајот против него ќе бидат поднесени соодветни пријави.