Пронајден кокаин кај малолетник

Денеска,  службеници од ОВР Гостивар, Полициско одделение Галате ги лишиле од слобода Ј.Џ.(29) и малолетник од гостиварски Добридол.

Според информациите од МВР, при контрола на нивниот автомобил ,,мерцедес“ со словенечки регистарски ознаки кај нив бил пронајден кокаин.

Лицата се задржани во Полициска станица и по расчистување и документирање на случајот ќе следат и соодветни поднесоци.