Пронајден и вратен коњот кој беше украден во Хиподром

Пред неколку денови бил украден трениран коњ вреден 50.000 евра. Сега тој е пронајден и вратен.

Се работи за арапски коњ кој бил дел од одделението за тренирање на полициски животни во Хиподром. 

Коњот кој се чувал во Хиподром е украден од непознат сторител и тоа за време на полициски час.

Претходно имаше наводи дека се работи за коњ кој припаѓа на МВР, но оттаму оваа информација е отфрлена како лажна.