
Возачот кој дрифташе низ Штип со автомобил „опел“ без регистарски ознаки, а видеото од опасното возење беше објавено на социјалните мрежи, е пронајден од полицијата.
„По преземени мерки и активности, а во врска со видео објавено на 12.10.2026 година на социјалните мрежи, на 14.10.2026 година во Штип, полициски службеници од СВР Штип го пронајдоа и извршија службен разговор со С.К. (22) од Штип“, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од МВР посочуваат дека на видеото се гледа како младото момче намерно предизвикува пролизгување на возилото, односно дрифта. Притоа, полициските проверки утврдиле дека тој управувал со автомобилот пред да се стекне со право на управување.
За случајот е известен јавен обвинител, а по целосно документирање ќе биде поднесена соодветна пријава.