Вчера во 22.40 часот во СВР Охрид е пријавено дека од стана на автомобил е удрен пешакот 59-годишниот Е.С. кој потоа го напуштил местото на несреќата. Е.С. бил пренесен во болницата „Св.Еразмо“ во Охрид каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
„По преземените мерки, полициски службеници од Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид, констатирале дека се работи за патничко моторно возило „фолксфаген ап“ со охридски регистарски ознаки, управуван од С.П.(24) од Охрид. По извршено алкотестирање, кај возачот и пешакот не е утврдено присуство на алкохол во организмот. По овластување на јавен обвинител увид на местото изврши екипа на СВР Охрид, додека по целосно документирање на случајот против С.П. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираат од МВР.