Пронајден човечки труп на планината Плачковица

Вчера околу 15 часот, било пријавено дека на планината Плачковица, на местото „Чаркова река“ во атар на село Козбунар, Радовишко, бил забележан човечки труп, информираат од СВР Струмица. 

Случајот го пријавил жител на Радовиш. Според информациите од полицијата, трупот подолго време бил на местото каде е пронајден. Бил лоциран на тешко пристапен планински предел, во длабок дол.

Увид на местото извршиле екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш и Јавен обвинител од Основно јавно обвинителство Радовиш, по чија наредба трупот е предаден на обдукција.