Промовирани 40 мега проекти за младите во Македонија

Низа проекти наменети за најмладите беа промовирани изминатиов период од лидерот на владејачката партија, Никола Груевски. Дел од нив веќе почнаа и да се реализираат, а младите веќе ги чувствуваат добробитите.

Новите 40 мерки и проекти за млади од новата програма на владејачката партија, ќе бидат добра стимулација за младите да искористат многу работи и да имаат подобар квалитет на живот. Од вкупно 40 промовирани мерки дури 17 се инфраструктурни, при што се очекува во градежниот сектор да вбризга над 40 милиони евра свежи пари. Проектите ќе имаат двострана корист- и за младите и за градежниот сектор, но и за работниците во градежниот сектор кои на среден рок ќе добијат доста проекти  и гарантирани вработувања.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати ги промовираше овие значајни проекти наменети за младите лица, уште еднаш потенцирајќи дека младите и понатаму ќе останат во фокусот на владејачката партија.

40 МЕГА ПРОЕКТИ ЗА МЛАДИ

-Купи куќа за млади – проект на Владата со цел обезбедување поддршка за нова куќа  на лица до 35 години, без оглед на брачниот статус, како и за зголемување на наталитетот, преку можностa за избор на два модела за субвенционирање.

-Бесплатен железнички викенд за млади до 27 години – секој прв и трет викенд од месецот младите ќе можат бесплатно да патуваат со воз ширум Македонија.

-Современи бини за настани и манифестации – Во овој проект е превидено градот Скопје по теркот на современите метрополи да изгради вкупно 6 функционални и подвижни бини со цел зголемување на културната и забавната понуда на младите.

-Ласерска корекција на диоптрија – се овозможува корекција на диоптријата за сите студенти на оваа возраст кои се од семејства со остварен нето приход до 115.080 денари на годишно ниво за над +/-2 диоптер, рече Груевски.

-Намалена партиципација за студентите од самохрани и еднородителски семејства.

-Вработување на 100 најдобри студенти – автоматско, законско, директно вработување на 100-те најдобри студенти на додипломски студии,

-Бесплатен превоз за студентите – Сите редовни студенти од државните универзитети можат да користат бесплатен јавен градски превоз секој ден во неделата, на сите линии.

-Промена на студенски статус – на студентите со кофинансирање ќе се даде можност да им се намали партиципацијата, учеството за 50% доколку го постигнат планираниот просек.

-Инвестирај во својата иднина – со кој ќе овозможува стипендии за постдипломски и докторски студии на државните универзитети под мошне поволни услови за студентите кои доаѓаат од семејства со помали приходи

-Перални и сушални во државните студентските домови – 5-те државни студентски домови во Скопје, државниот студентски дом во Битола, Охрид, Штип, Прилеп и Пробиштип ќе бидат опремени со перални и сушални.

-Бесплатна обука за основни компјутерски вештини и странски јазици за млади лица до 29 години.

-Бесплатни леќи и очни помагала за средношколци и студенти – субвенционирање на ортопедски очни помагала на студенти и средношколци на возраст од 14 до 26 години од семејства во кои вкупните месечни приходи не го надминуваат просечното примање од 32.173 денари до завршување на циклус на учење и студирање.

-Бесплатно патување за најдобрите студенти – најдобрите студенти ќе добијат бесплатно патување на атрактивна локација- Париз, Венеција и Барселона.

-Амфитеатар во Скупи – ќе биде обновен уникатниот отворен амфитеатар во локалитетот Скупи со 9.000 седишта.

-Нов конгресен центар во Охрид – Во Охрид ќе се гради нов Конгресен центар, замислен да биде еден од најрепрезентативните конгресни центри во Европа, одлично место за сите видови настани изведен по највисоки стандарди.

-Средношколска среда – средношколците секоја среда ќе можат бесплатно да ги посетуваат државните театри, музеи и кина, а ќе можат бесплатно да се возат и со жичницата на Водно.

-Средношколците веќе се возат бесплатно во автобусите на ЈСП.

-Стимулација за упис на теничките факултети –  во академска 2017-та и-2018-та ќе им овозможиме на сите студенти од семејства со приход не поголема од просечна нето плата, а ќе запишат за прв пат на овие факултети, да влезат во државна квота, да плаќаат 200 евра, наместо 400 евра годишно.

-Учителска школа во Скопје – реизградба на зградата на некогашната педагошка образовна установа, а која целосно беше уништена за време на катастрофалниот земјотрес во 1963 година.

-Изградба на отворен базен во Скопје во СЦ „Борис Трајковски“.

-Национална математичка гимназија – Математичката гимназија ќе биде сместена во Скопје и ќе има ограничен број на места во секоја учебна година. По подготовките и ангажирањето на стручен кадар ќе биде отворена во 2017 година, а ќе има и кампус за учениците кои ќе имаат потреба за сместување, а ќе има и можност за дисперзирани студии во други градови.

-Ќе се гради нова спортска сала за потребите на универзитетот за информатички науки и технологии св. Апостол Павле во Охрид.

-Студентите со проектот „Еден клик“ ќе заборават на гужвите во студентски прашања. Тие ќе можат да поднесуваат пријави и потври електронски.

-Во СЦ „Борис Трајковски“ ќе се гради нова гимнастичка сала, опремена по највисоки светски стандарди, а во неа ќе можат да се организираат и играат европски и светски првенства.

– Ќе се организира саем за средношколски иновации. Сите млади иноватори од основните и средните училишта врз основа на јавен повик еднаш во текот на годината ќе имаат можност да добијат соодветна логистичка и финансиска подршка за промоција и релизација на својата иновативна идеја.

-Ќе се гради и затворена тениска арена во Скопје.

-Со мерката Млади амбасадори, средношколците кои ќе освојат награда на една од 12-те меѓународни научни олимпијади, ќе добијат годишни стипендии, кои ќе ги примаат 12 месеци.

-Ќе се гради и отворен пливачки базен во Шуто Оризари.

-Најавено е комплетно реновирање на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ во Скопје.

-Ќе се реконструира Офицерскиот дом во Битола.

-Ќе се градат нови скејт паркови.

-По цели 5 децении, младите ќе добијат ново матично за склучување на бракови.

-Груевски најави и реновирање на Националната универзитетската библиотека во Скопје „Свети Климент Охридски”.

-Ќе се гради нова голема мултифункционална читална во Скопје.

-За љубителите на спортот, ќе бидат изградени 150 игралишта за баскет.

-Во Струмица, Аеродром и Велес ќе бидат изградени нови и модерни читални кои од голема мера ќе им помогнат на средношколците и студентите.

– Во 18 градови ширум Македонија ќе се градат фитнес зони.

– Со „Студент-фест“ е планирано по примерот на европските студентски градови да се организира голем студентски фестивали во Штип, Битола, Охрид и Скопје каде што се сместени универзитетите.

-Владата во голема мера ќе им помогне на младите музичари со субвенции за купување на музички инструменти.

-Груевски најави и бесплатен здравствен преглед за спортски репрезентативци

-Нови читални ќе бидат отворени и во Прилеп, Струга и Гевгелија.