Промоција на стрипот „Стапче и Шишка“ од Смиле Цветановски

Издавачката куќа „Квадрат“ вечерва ќе го претстави најновиот стрип од авторот Смиле Цветановски со наслов „Стапче и Шишка“. Промоцијата ќе се одржи вечерва со почеток од 20 часот во просториите на кафе-галерија „Ли“. Во галеријата веќе е поставена и таму ќе биде се до 8-ми јуни завршната изложба на Кулутрно-образовно технолошкиот институт.,

„Стапче и Шишка“ ја обработува приказната за двајца неразделни пријатели. Интересно е тоа што секој човек може да се идентификува со главните ликови, бидејќи се претставени како обични луѓе од нашето секојдневие. Нивната приказна ја следат комични, иронични, па дури и глупави случки кои се дел од нашите живот. Ќе морате да забележите дека авторот бил инспириран баш од нашата просечност и колку таа всушност може да биде интересна. Наменет за широка публика која има смисла за хумор, низ анимациите ќе сретнете се, од политика до еротика.

Издавачката куќа „Квадрат“ постои од 2013-та година и главно се занимава со детска литература. Основачи на истата се Игор Јовчевски и Никола Темков, кои се истакнати детски илустратори и стрип-автори.