Промоција на „Мемоари на задоцнетиот романтичар“ од Божин Павловски

Во книжевниот салон на „Матица македонска“ вечер од 19 часот ќе биде промовиран новиот роман на академик Божин Павловски – „Мемоари на задоцнетиот романтичар“.

– На страниците од своето најново романескно дело, познатиот писател како на филмско платно ги отсликува политичките, економските и културните процеси што се случувале во нашата држава во последните четири децении на минатиот век, соопшти „Матица“ за книгата на Павловски која ќе ја  промовира  проф.д-р Весна Мојсова-Чепишевска.