Промоција на книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски

Во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ – Скопје денеска ќе биде промовирана книгата „И по сто пати“ од Александар Поповски.

Книгата ќе ја промовира Виолета Танчева-Златева, а стихови ќе читаат ученици од скопското основно училиште „Коле Неделковски“.

Поповски е современ македонски писател за деца и возрасни, добитник на наградата „Ванчо Николески“ на Друштвото на писатели на Македонија за 2016 година. Пишува романи, кратка проза и поезија, преведува и е составувач на антологии и избори. Познати се неговите романи: „Правоаголен круг“, „Љубов со Сесил“, романите за деца „Летувалците од Славино“, „Бакнеж за сеќавање“, збирките раскази „Окото на срцето“, „Мокро куче сува мачка“ и поетските книги за деца „Кнеже еже“, „Проѕевко и дремло“,… Има публикувано голем број наслови меѓу кои „Кула од песок“, „Дивите лебеди“од Андерсон и „Птицата со девет глави“ (приказни од цел свет).