Книгата „Дремката на облакот“ од поетесата Софија Бислимоски ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Збирката содржи осумдесет хаику песни, a промоторка и рецензентка е Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.
Бислимоски минатата година има освоено Гран при за поезија на литературниот конкурс „Моќта на читањето – Климентова животна сила“.
На шестиот меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Михајло Ковач“ во Нови Сад доби прва награда, а на девети меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Војислав Деспотов“ во Нови Сад во Србија, беше второнаградена.
Коавторка е на книгата „Тивките сили на духот“, а по објавувањето на збирката поезија „Мисли молкома“ , минатата година, ова е нејзина втора книга.