Промоција на книгата „Дремката на облакот“

Книгата „Дремката на облакот“ од поетесата Софија Бислимоски ќе биде промовирана денеска во Скопје.

Збирката содржи осумдесет хаику песни, a промоторка и рецензентка е Весна Мојсова-Чепишевска, професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Бислимоски минатата година има освоено Гран при за поезија на литературниот конкурс „Моќта на читањето – Климентова животна сила“.

На шестиот меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Михајло Ковач“ во Нови Сад доби прва награда, а на девети меѓународен фестивал за поезија и краток расказ „Војислав Деспотов“ во Нови Сад во Србија, беше второнаградена.

Коавторка е на книгата „Тивките сили на духот“, а по објавувањето на збирката поезија „Мисли молкома“ , минатата година, ова е нејзина втора книга.