Промоција на книгата „Божјите отпечатоци“ од Златко Бучкоски

Во четврток (19.09), во 20:00 во Public Room во Скопје, ќе се оддржи промоција на долгоочекуваната книга „Божјите отпечатоци“ од Златко Бучкоски.

Во првиот дел од книгата се обработени 15 научни докази за постоењето на Бог од перспектива на авторот кој е поранешен атеист. Златко е вљубеник во природните науки со бројни државни признанија од областа на математиката, физиката и астрономијата, а ја претставуваше Македонија и на 31-та меѓународна олимпијада по физика во Лестер, Велика Британија. Тој бил атеист околу 20 години и дошол до вера во Бог токму преку науката. Аргументите што се обработени во оваа книга се дел од неговото интелектуално патешествие од атеизмот до верата во Бог.

Покрај авторот, на презентацијата ќе има обраќање и уредникот проф. д-р Иван Грозданов. На крајот ќе има мал коктел и ќе настапи младата талентирана пејачката Дина Јашари со неколку од своите хитчиња.

Влезот е слободен. На промоцијата и само на промоцијата цената на книгата ќе биде 200 денари, а за студентите - 150 ден.