Променливо време, вечер снег – нов влажен бран од сабота

Времето ќе биде умерено до повремено значително облачно. Преку денот на планините и понекаде на повисоките места ќе провејува слаб снег. Ќе дува умерен северозападен ветер.

Од вечерните часови од југ ќе се прошират врнежи кои ќе бидат од снег на планините и на повисоките места, а во планинските региони снег ќе провејува понекаде и на пониските, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 3, а максималната ќе достигне од 6 до 14 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со слаб до умерен северозападен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 11 степени.

Во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со сончеви периоди и претежно на планините повремено ќе провејува снег. Преку ноќта од југозапад ќе се прошират врнежи кои понекаде и на пониските места ќе бидат од снег. Утринските температури до утре во најголем дел од земјава ќе бидат под нулата, а потоа малку ќе се зголемат. Нов влажен бран со пообилни врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места од снег, ќе почне во сабота.