Променливо облачно време и во следниот период

Продолжува периодот на променливо облачно време, наутро на места со појава на магла и ниска облачност. Ќе дува претежно јужен ветер, а утринските температури насекаде ќе се задржат позитивни.

Под влијание на влажен бран, за време на викендот ќе има врнежи од дожд, кои на места повремено ќе бидат пообилни, особено во недела.