
Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд, пообилни во југоисточните региони и дневни температури од 6 до 13 степени Целзиусови. На повисоките планини врнежите ќе бидат од дожд и снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд, особено претпладне и кон крајот на денот. Ќе дува слаб до умерен североз ападен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно, попладне и во текот на ноќта ќе има врнежи од дожд, пообилни во југоисточните делови, а на планините од снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од југоисточен правец, поизразен долж Повардарието. Дневните температури ќе се движат од 9 до 16 степени.