Променливо облачно со повремен дожд и високи температури - за утре најавено влошување!

Времето во Македонија денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а во југоисточните делови ќе има услови за појава на ретки грмежи, а ќе дува и слаб до умерен ветер од јужен правец.

Дневните температури ќе се движат од 16 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје, променливо облачно, претпладне во делови од котлината ќе има услови за повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд и дневни температури од 16 до 23 степени. Попладне ќе има појава на нестабилност со пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец