Променливо облачно со локални врнежи од дожд, на планините снег

Времето во Македонија днеска ќе биде променливо облачно, претпладне со локални врнежи од дожд особено во јужните делови, а на планините од снег. Ќе дува умерен западен, а в долж Повардарието северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до осум, а дневната од осум до 15 степени.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе достигне до 12 степени.