Променливо и облачно време со локален дожд, од среда стабилизација со пониски утрински температури

Утре не очекува променливо облачно време, со локален слаб дожд, а на повисоките планини слаб снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Температурите ќе се движат од 0 до 16 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец со температури од 4 до 14 степени

Вака ќе биде до среда каде следува период на стабилно и суво време со пониски утрински температури.