Промената на времето лошо ќе влијае врз здравјето на луѓето – лекарите со апел, амбулантите спремни

Главоболки, несвестици, вртоглавици, несоница, општа премаленост се само дел од симптомите на кои се жалат граѓаните како последица на променливото време.

Изминатиот период беше карактеристичен со високи температури претпладне, а намалување во текот на вечерта,  а таквите промени негативно влијаат кај хронично болните, постарите, срцево болните, бремените жени, но и кај другите граѓани што немаат здравствени проблеми. И граѓаните со здравствени проблеми, но и оние без здравствени проблеми велат дека тешко го поднесуваат променливото време, кое на здравјето најмногу се манифестира со главоболки, општа премаленост и недостиг од енергија.

Како последица на тешкото и спарно време, зголемени интервенции имаат од брзата помош, а од таму очекуваат периодов кој следува да има уште поголеми.

Лекарите препорачуваат да се пие вода, за да се рехидрира организмот, бидејќи без доволно вода, лесно доаѓа до згрутчување на крвта, која, пак, може да предизвика мозочен или срцев удар, но и дехидрирање.