Промената на часовникот води кон депресија!

Преминот од летно кон зимско сметање на времето влијае лошо на организмот, па дури и води до отклучување на депресивни растројства и психички непријатност.

Според психолозите најзасегнати од поместувањето на стрелките со час наназад ќе се вработените луѓе во активна возраст.

“Младите луѓе со динамично секојдневие и сериозна работа ќе почувствуваат голем физички и емоционален замор, ќе бидат апатични и дезориентирани. Можно е дури и најмалите проблеми во овој период да им предизвикаат силен стрес “-посочуваа психолошките истражувања
Предупредуваат дека промената на времето има огромно влијание врз чувствителните луѓе, без оглед на нивната возраст.

“Кај луѓето кои се склони да запаѓаат во депресивни и анксиозни состојби, дури и најмала промена во времето може да доведе до силен стрес, кој по околу еден месец да се претвори во дистрес. Тоа е состојба во која човек станува исклучително раздразлив, се кара со луѓето, се затвора во себе и често го злоупотребува алкохолот “, објаснуваа терапевтите

Според нив се потребни 1-2 недели за да може нашето тело да се навикне на промените во времето.

Експертите советуваат најчувствителните да направат распоред на задачи и постојано да си најдат работа, бидејќи тоа би им помогнало да заборават за стресот и депресијата.