Промена на покривот на ООУ ,,Димитар Поп Георгиев-Беровски”

По 60 години, азбесните плочи конечно стануваат минато, основното училиште Димитар Поп Георгиев-Беровски ќе добие нова кровна конструкција.  За овој градежен зафат, општината обезбеди 9 милиони денари. Стартуваме летово.

Истовремено, советниците на денешната седница го ослободија Министерството за образование и наука од плаќање на надоместок за уредување на градежно земјиште, по што се очекува да започне доградбата и надградбата на ООУ ,,Тихомир Милошевски” во Ново Село.

Со ова јасно покажуваме дека инвестирањето во образованието  е еден од врвните приоритети на локалната самоуправа.

На 29-та Седница на Советот се изгласа и Ребалансот на Буџетот на општината, чиј акцент е ставен на ифраструктурни проекти.