Вистинска пролет во Скопје или соодветно време за март се очекува до крајот на овој месец. Времето ќе биде променливо: ќе имаме сончеви денови, но и денови со дожд.

По утрешното нестабилно време со врнежи од дожд,  до крајот на оваа седмица се очекува стабилно и сончево време и температури 22 степени. За време на овој викенд не очекува стабилно и сончево време.

Стабилното време ќе се задржи до крајот на следната работна седмица кога за викендот се очекува нестабилно време со врнежи од дожд. Утринските температури ќе се движат до 5 степени, а дневните околу 15 степени.

Во последните десет дена од овој месец времето ќе биде променливо. Пред крајот на месецот се очекува кратка дестабилизација која ќе донесе дожд. Темперурите ќе се движат во рамки на просекот за овој дел од годината.