Пролетно време: Идната недела температурите ќе бидат над 20 степени

Иако календарски се очекува кон крајот на месецот, метеоролошки, пролетта ќе ја имаме уште кон средината на идната недела.

По врнежливиот крај на оваа работна недела, слично време не чека и во текот на викендот.

За разлика од вчерашниот ден, температури во минус веќе нема да има.

Во сабота минимални 2 степени наутро и околу 12 степени во текот на денот. Идентично време се најавува од недела.

Дождот ќе се задржи и на почетокот на идната работна недела но само во понеделник, кога минималната температура нема да се спушти под 6 степени.

Разведрување доаѓа од вторник заедно со раст на температурите кои во некои делови од Македонија ќе надминат и 15 степени.

Во среда не чека вистинска пролет. Времето ќе биде облачно со услови за слаб дожд, но и сончеви периоди, а максималните температури во некои делови од Македонија ќе надминат и 20 степени.

Слично ќе биде времето до крајот на наредната недела се до крајот на викендот кога пак се најавуваат услови за дожд.