Пролетниот вирус ги наполни амбулантите

Грчеви во стомакот, покачена температура и до 40 Целзиусови степени повраќање- актуелниот вирус ги наполни амбулантите. 

Лабораториските анализи на крвта, вели таа, обично покажуваат лесно покачени леукоцити и ЦРП. Педијатрите велат дека е голем бројот и на новороденчиња што се засегнати од овој вирус.

Кога на ваков вирус ќе се додаде и алергиската компонента, која во моментов е актуелна, објаснува таа, неретко се случува исцрпување на организмот.

- На крајот вирусот може да е проследен со кашлање, па кај пациентите што страдаат од алергии може да се надоврзе и спуштање секрет и состојба на бронхитис – за Нова Македонија, објаснува Стојанова-Атанасовска.

Лекувањето се состои од мирување, пиење повеќе течности, примање средства за намалување на температурата и болките по телото.

- Препорачувам да не се мешаат болни со здрави деца, да се внесуваат доволни количества течности и витамини и при појава на некој од наведениве симптоми децата да се однесат кај нивниот лекар - додава нашата соговорничка.