Пролетни тиквички со сирење

Младите тиквички веќе ги има и на пазарите, а со нив може да подготвите исклучително вкусни пролетни оброци:

Состојки:

2 млади тиквици
5 лажици пченично брашно
3 лажици презла
5 лажици пченкарно брашно
1 лажица црвен пипер
100 гр рендано кашкавал
3 чешлиња лук
3 јајца
50 гр сирење
1 полна лажица кисела павлака
Сол, сусам и ким

Подготовка:

Излупете ја едната тиквичка и изрендајте ја. Другата исечете ја на тенки кругови. Посолете и измешајте добро и оставете 15 минути да се ослободи вишокот течност. Исцедете ја водата и додадете го исечканиот лук на тиквичките.

Ставете сирење и павлака во сад, измешајте и додадете јајца и рендан кашкавал. Мешајте додека сè не се соедини. 

Измешајте пченкарно и пченично брашно, презла и црвена пиперка во посебен сад. Круговите тиквичка ставајте ги во оваа смеса и редете во тава. Врз нив ставајте од смесата со рендана тиквичка. 

Прелијте со смесата од павлака и јајца. 

Одозгора посипете семе од сусам. Печете на 210 степени околу 30 минути.