Пролетна рамноденица на 21 март: Да се подготвиме за нови почетоци

Хороскопот го најавува почетокот на владеење на Овните, но тоа е и сезоната кога почнува новата астролошка година, а и пролетта.

Photo by Zoltan Tasi on Unsplash

Пролетната рамноденица вообичаено најавува период на рамнотежа, вракање на мирот и спокојот, односно онаа нулта точка во која бројот на дневните и ноќни часови се изедначува. 

Ова е и период на нови почетоци, а во зависност на тоа каде се наоѓаме во своето лично патување, самите одбираме како тоа ќе се одрази на нас. Но, важно е да се подготвиме за неа.З начајно е да прифатиме каде сме, но и да замислиме каде би сакале да бидеме.

За време на оваа рамноденица, нема ниту една ретроградна планета, што значи дека не постојат кочници во нашиот живот. Доаѓа силна енергија која нè турка напред и нè потсетува колку можеме.

На овој ден, ја доживуваме и младата Месечина во Овен која е одличен момент за поставување цели и намери. Младата Месечина во Овен вообичаено е еден од најдобрите периоди во годината за нови почетоци. Затоа, искоритете ја пролетната енергија за да внесете позитивна енергија во вашиот живот и да се вратите во состојба на стабилност, сигурно и едно цело. 

Не заборавајт да минувате време во природа, бидејќи природата смирува и опушта. Таа дава сила. Промените за кои сонувате доаѓаат.