Пролетна лимонада од куркума со која лесно ќе го победите стресот

Веројатно сте слушнале за куркумата  - зачин кој е дел од многу индиски јадења. Сепак, можеби не знаете дека куркумата е еден од најздравите и најквалитетните зачини. Таа помага за намалување на воспаленијата, одличен антиоксидант е и помага во елиминација на слободните радикали кои прават огромна штета во нашето тело.

Освен тоа, куркумата е и зачин кој помага против стареењето, делува како неурозаштитен агент, природен третман за артритис и е одлична во терапијата против рак. Но, еден од најмоќните ефекти кои ги има таа е намалување на сиптомите на стрес, анксиозност и депресија.

Како да подготвите лимонада од куркума?

Потребни состојки:

5 чаши вода

4 лажици куркума

3 лажици мед

2 лажици ѓумбир

½ чаша лимонов сок

Можете да додадете и ½ чаша сок од портокал, за подобар вкус.

Начин на подготовка:

1) Ставете ја водата на оган за да зоврие.

2) Во тегла ставете ги куркумата и ѓумбирот.

3) Додадете ја провриената вода во теглата. Дозволете да отстои околу 10 минути.

4) Додадете го медот и убаво промешајте.

5) На крајот ставете го и лимоновиот сок и конзумирајте.