Пролетна дератизација во општина Бутел

Во општина Бутел денеска започнува редовната пролетна дератизација за уништување на глодари и други штеточини.

Како што соопшти општина Бутел, со пролетната дератизација ќе бидат опфатени вкупно 1.050 шахти, во кои ќе бидат ставени 3.150 мамци од по 150 грама во сите населени места на општината.

Во првите денови ќе бидат истретирани шахтите во населените места Радишани, од двете страни на реката Серава, Расадник и Љуботенски Пат. Потоа ќе следуваат Визбегово и Бутел 1, а во последните денови ќе бидат опфатени шахтите во Бутел 2 и Скопје север.

Пролетната дератизација ќе трае пет дена и ќе ја врши ЈЗУ „Центар за јавно здравје“. средствата се обезбедени од буџетот на општината.