Пролетна акција во Шутка – расчистени дивите депонии

Општина Шуто Оризари врши пролетна акција на својата териорија.

Деновиве ги расчистивме сите депонии во внатрешноста на општината, исфрливме вкупно 38 камиони ѓубре, почнавме со инсталација на атмосферска канализација на ул. Индира Ганди, со тоа што ќе го решиме деценискиот проблем со излевање на вода од дворови директно на улица.

Започнавме со реконструкција и санирање на ударни дупки во целиот потег на ул. Нов Живот од последна автобуска станица со стадионот на Напредок, пишува на својот Фејсбук профил градоначалникот на Шуто Оризари.