Пролетен базар на домашни ракотворби на плоштадот Филип Втори

Градот Скопје Ве поканува на Пролетниот базар на домашни ракотворби 2016, којшто ќе се одржува на Плоштадот Филип Втори, со почеток во 11 часот, утре и задутре.

На пролетниот базар ќе ќе бидат изложени домашни ракотворби и практично претставени голем број занаети, како и нивното значење и влијание врз квалитетот на живеењето на граѓаните.

Во рамки на оваа традиционална манифестација годинава ќе се промовираат изработките на накит од филигран и монистра, украси, рачни ракотворби, плетиво, изработки од камен и цртање на украси на камења, изработки на производи од филц и декоративни украси и облека од филц, цртање на чаши со македонски мотиви, уникатни изработки на цветни аранжмани од бонбони.

Целта на овој настан е да се истакне значењето на овие кадри за занаетчиството и стопанството, средното стручно образование, практичната обука и стекнувањето вештини и компетенции, а се со цел поттикнување на младите да се запишуваат во средните стручни училишта. Исто така, да се промовираат занаетчиските занимања кои нудат перспектива и можност за вработување, како и да се промовира и одржи традиционалното занаетчиско производството и поттикне размената на искуства и знаење на занаетчиите, зголемување на продажбата на занаетчиските производи и услуги и зголемување на туристичката понуда преку претставување на занаетчиството како бренд и симбол на препознатливост на Град Скопје.

Организатор на пролетниот базар е Занаетчиска Комора Скопје, а покровител на манифестацијатa е Град Скопје.