Од најмали до најстари. Недела ден за одмор и уживање, а зоолошката градина е одлична за тоа.
Зоолошката градина овој викенд беше полна со посетители, особено во недела, кога и сонцето беше на страна на сите.
Со доаѓањето на многу нови животни посетеноста во зоолошка постојано се зголемува, а вработените очекуваат во иднина уште повеќе посетители.
Наскоро ќе пристигнат уште нови животни, а во тек се и изградби на нови живеалишта. Нови се градат, а старите се одржуваат.
Зоолошката градина постојано има нови активности.
Топлото, пролетно време кое следува, искористете го за прошетка и за запознавање со новите животни.